Досегашната помош за стопанствениците и бизнисите не е доволна, луѓето едвај егзистираат, вработените ги губат своите работни места, затоа што малите и средните претпријатија немаат пари ни за плати.
Со Проектот Обнова нудиме: намалување на бирократизацијата и олеснување на административните процедури, елиминирање на фискалните и парафискалните давачки, создавање продуктивни работни места и конкурентна економија, рече кандидатот за пратеник во Изборната единица 1,Тимчо Муцунски во своето обраќање од улица Македонија.
Сподели
Facebook