Албанскиот државјанин А.Д., кој успеал ноќеска да се ослободи од ќелијата каде ја издржувал доживотната затворска казна, утринава е најден на таванот на затворот „Идризово“.
Се работи за албански државјанин, кој неодамна е осуден на доживотна робија за извршени разбојништво и убиство.
На броењето синоќа, ова лице било присутно, но на пребројувањето утринава во 8 часот, го немало. За час и половина бегалецот од ќелија бил најден.
МВР го коригираше соопштението, кое првично беше дека од најголемиот затвор од утринава избегал затвореник