Полициски службеници од СВР Скопје вчера во скопските села Глумово и Рашче ги лишиле од слобода С.М.(46), Е.Б.(32), С.И.(24), И.Р.(24) сите од Глумово и К.В.(24) од Рашче поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело„насилство“.
Вчера во 20:20 часот во СВР Скопје, С.С.(31) од село Глумово пријавил дека околу 15:00 часот додека со неговите браќа С.С. и А.С. биле на работно место во Планинарски дом Матка забележал дека М.С. пука со пиштол кон неговиот брат А.С. до кого биле и М.С. и И.С., кои носеле пиштоли, И.С. кој носел нож, Ќ.С. носел бејзбол палка и Р.Е.
Во еден момент Ќ.С. со бејзбол палка физички го нападнал пријавителот.
По настанот пријавените го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.