И денеска нови дојави за подметнати бомби во училишта. Овој пат закани стигнале на адреса на девет средни училишта во Скопје.
Како и вчера, дојавите биле испратени околу 14 часот, односно во перидот пред почетокот на втората смена, по што сите ученици и вработени биле евакуирани. Тимови од антитероризам на МВР проверуваат дали навистина има експлозивни направи.
Попладнево од МВР ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави дека девет училишта на територија на Скопје добиле мејл со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.