Четириесет и шест годишниот прилепчанец Александар Јошески, по кого вчера се трагаше, е пронајден починат.

Од МВР велат дека пријава дека лицето е пронајдено починато добиле во 20:15 часот.

-Во ОВР Прилеп било пријавено дека на место викано „Топташ“ во Прилеп бил пронајден починат А.Ј.(46) од Прилеп, за кој истиот ден во 10.00 часот неговата сопруга С.Ј.(47) пријави дека се оддалечил од домот. Смрт констатирал доктор од Итна медицинска помош Прилеп, а увид извршила екипа од ОВР Прилеп, информираат од МВР.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Вчеравечер на социјалните мрежи се огласија членови на семејството со објава дека, Александар за жал е пронајден починат.