На 13.01.2024 околу 15.40 часот, било пријавено дека на магистралниот пат Граничен премин „Деве Баир“ – Крива Паланка, се случила сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило „рено“ управувано од Т.М.(34) од Крива Паланка, со регистарски ознаки од Крива Паланка удрило во Д.М.(49) од с. Дурачка река, Крива Паланка, а потоа во запрено товарно моторно возило „мицубиши“, сопственост на ЈП за Комунални услуги-Комуналец Крива Паланка.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.М., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Крива Паланка.