76-годишен маж бил пронајден починат во неговиот дом во Крива Паланка соопшти полицијата, од каде појаснуваат дека најверојатно станува збор за убиство.

Имено завчера по извршена обдукција на телото на М.Д.(76) од Крива Паланка, кој бил пронајден починат во својот дом на 20.11.2023, во Институтот за судска медицина и криминалистика Скопје констатирано е дека станува збор за насилна смрт, односно убиство.

ОВР Крива Паланка презема мерки за расчистување на случајот, велат од оваа институција.