Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 4.572 тестирања, а регистрирани се 266 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 120, Битола – 25, Прилеп – 22, Охрид – 20, Куманово и Кавадарци – 11, Ресен – 8, Струмица – 7, Тетово – 6, Кочани и Струга – по 5, Гевгелија и Валандово – по 4, Велес и Радовиш – по 3, Крива Паланка и Македонски Брод – по 2, Гостивар, Штип, Кичево, Свети Николе, Делчево, Виница, Кратово и Демир Хисар – по 1.

Регистрирани сe 717 оздравени пациенти од: Скопје – 330, Битола – 53, Прилеп – 48, Кавадарци – 43, Велес – 40, Делчево – 25, Штип – 21, Кичево – 15, Гевгелија – 14, Крива Паланка – 13, Охрид и Свети Николе – по 12, Куманово – 10, Неготино и Македонска Каменица – по 9, Кочани – 8, Ресен, Тетово, Радовиш и Берово – по 6, Струмица, Валандово, Виница и Крушево – по 5, Струга и Богданци – по 4, Демир Хисар – 2, Македонски Брод – 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: по 2 починати лица од Струмица (56г и 76г) и Куманово (63г и 75г) и по едно починато лице од Скопје (82г), Прилеп (83г), Битола (47г) и Штип (83г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 7 лица, починати во период од 27.11-24.12.2021 година. Починатите лица се од Гостивар (2), Скопје (1), Охрид (1), Струга (1), Тетово (1) и Кавадарци (1). Починатите лица се на возраст од 57г до 82г. Од пријавените, 5 лица се починати во болнички услови, а 2 лица се починати во домашни услови.

Направени се 4.572 тестови преку: ИЈЗ-286, ЦЈЗ Скопје-73, ЦЈЗ Битола-97, ЦЈЗ Прилеп-53, ЦЈЗ Тетово–8, ЦЈЗ Куманово-111, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–186, Жан Митрев (Филип Втори)-122, Авицена-252, Биотек-212, Систина-74, лабораторија Лаор-315, Синлаб-43, Ремедика-19, Плодност–75, Генеа-11, Никоб лаб-574, ВФВ Медикал-105, Ели Медика-111, Ројал Медика–50, Спектра-ММ-8, Рапид Лаб–12, Жан Митрев Струмица–22, Нова Лаб Дијагностика–0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.751.

Досега во земјата се направени вкупно 1.570.171 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 222.932, бројот на оздравени пациенти е 210.319, на починати е 7.894, а бројот на активни случаи изнесува 4.719.