Министерoт за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска информираше дека е потпишан меморандум за соработка помеѓу МЗШВ и РЕФОРД со цел заедничко спроведување на кампања за јакнење на јавната свест против илегалната сеча на шумите.

411524431_896870338473470_6362790980617715601_n
-Илегалната сеча е сериозен и долгорочен проблем, со кој шумската полиција секојдневно се соочува на терен, при што не се ретки ситуациите во кои животот на шумските полицајци е доведен во опасност во борбата против организирани групи на дрвокрадци, порача Николовски.
-Токму затоа, искуството на РЕФОРД и Шумската служба на САД, ќе придонесе да ја подигнеме свеста кај целокупното население за значењето на шумите и штетите кои се предизвикуваат и врз шумскиот фонд и врз шумскиот биодиверзитет со нелегалното сечење на шумите, додава министерот.