Мерката за неносење лична заштита на лице ја прекршиле 1068 граѓани во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија.

На 125 лица им се издадени решенија за изолација, а 167 потпишале изјави за самоизолација, соопштија денеска од МВР.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација