„Кога сме кај рачињата во медот, излегоа и информации за еден наш колега пратеник како имал средства кои што ги заработувал со фирма во Бугарија, па како баџанакот на Мицкоски прави милиони евра од фирмата во Бугарија и ова е добро како тема да се отвори, затоа што не било до бугарскиот дикатат, до еврата било. Исто и Игор Јанушев, како они заработуваат и работат на агенда да не поминат измените каде што 3000 бугари ќе бидат ставени во Уставот, за да нашата држава се закочи кон европскиот пат,“ рече Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ во 24 Анализа на ТВ 24, посочувајќи дека на ДПМНЕ бизнис интересот им е пред сѐ.