Нашиот став околу прашањето за предвремени парламентарни избори е јасен, недвосмислен, конкретен. Парламентарни избори ќе има 2024 година, следните парламентарни избори ќебидат редовни избори. Оваа Влада има полн легитимитет и во период што следи да ги сроведе сите реформи, ситепроцеси, сите проекти и сето она што значи добро за граѓаните, подобрување на стандардот на граѓаните, и токму во овие 2 и пол години има полн легитимитет да го стори сето тоа, рече денеска Дарко Каевски, пратеник на СДСМ во одговор на новинарско прашање.

Во делот на калкулациите и во делот на сите оние лажни обвинувања и прифаќање на понудите, тоа е лицемерието коешто го има ВМРО-ДПМНЕ се со цел да издејствува да избоксува предвремени парламентарни избори коишто на граѓаните во моментот не им се потребни. На граѓаните не им се потребни предвремени парлментарни избори секоја година и со тоа значи дополнителни укочувања на процесите на системот, туку напротив потребно им е сето она за што се залагаме односно спроведување на владината програма, на мерките којшто значат подобар живот, којшто значат подобар стандард и којшто значат подобро справување и со енергетската и со здравствената, а притоа и со економската криза со којашто се соочува државата, порача тој.