Се слуша ли што збори кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ од Крива Паланка, Анри Андоноски?
Замислете, тој во денешната изјава, за актуелната власт меѓу другото вели: “Не успејаа да донесат европска иднина, бидејки секој ден сме се подалеку”.
За да го каже ова некој од ВМРО-ДПМНЕ треба или да не живее во реалноста или да му имаат подметнато текст од СДСМ. Трето нема.
Ако по нешто најмногу се разликува оваа влада од сите останати е по слободата, демократијата, градежната офанзива и меѓународната политика.
Пред само три години од изолирана земја, раскарана со сите соседи и политичари кои не ги примаа во Европа, нашата држава за краток период стана светол пример на балканот. Токму во овој период го исполнивме деценискиот сон на многу генерации и станавме 30-та полноправна членка на најголемиот безбедносен сојуз – НАТО и силно чекориме кон ЕУ. Тоа се факти за кои сите оддаваат почит и признание, само ВМРО-ДПМНЕ сеуште не можат тоа да го признаат. Тие всушност, не ни аплаудираа на чинот на зачленување на државата во алијансата.
За обновата, пак вели била шанса за сите.
За каква шанса за сите говори Андоноски, кога додека тие беа на власт, шанса за да се вработиш беше најпрвин да имаш партиска книшка од ВМРО-ДПМНЕ, шанса за да работиш приватен бизнис беше да не помислиш да ја критикуваш тогашната власт, во спротивно УЈП и останатите инспекциски служби ти висеа на врат. Шанса да добиеш државно земјоделско земјиште беше да бидеш пратеник или локален шериф од таа партија.
Андоноски, понатаму за здравството вели дека било потонато во криза. И за тоа секако, крива му е власта.
Во период кога целиот свет се бори со заеднички невидлив непријател, за ВМРО-ДПМНЕ кризата со коронавирусот е дело на власта. Да, власта е крива што секојдневно апелира за придржување на мерките за заштита а ВМРО-ДПМНЕ, поточно нивниот шпицен кандидат нема никаква вина што целиот овој период свесно ги крши протоколите и си оди во теретани во време кога имаат забрана за работа, се крие во затворен простор во кафани кога е забрането и милион други прекршувања со кои директно го загрозува здравјето на граѓаните.
Доволно е само да ја погледнете фотографијата подолу и да ви стане јасно како ВМРО-ДПМНЕ се “грижеше” за здравството.
Вмровскиот кандидат вели и дека била направена апатија во општеството. Па поголема апатија и поделеност во општеството од времето на ВМРО-ДПМНЕ немало никогаш. Луѓето живееја без надеж, во страв, со уцени, закани и притисоци. Нивните членови и нововработени во администрацијата со сила ги носеа на митинзи и ги заобиколуваа со огради и мрежи, како во трла.
Едноставно, во денешното обраќање на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ од Крива Паланка личеше како да зборува некој од СДСМ за 11-те години владеење на предходната власт.