Се уште се свежи сеќавањата на тој 27 април, на неизвесноста, на тензиите, насилството… Но, и на одлучноста да не отстапиме од борбата за подобра иднина на народот, дури и кога нашите животи беа загрозени, порача денеска кандидатот за пратеник и коносител во Изборната единица 3, Љупчо Николовски.
На крвавиот четврток сите сведочевме до каде може да отиде омразата, поделбите, желбата за пресметка со оние кои мислат поинаку.
Државата беше на раб на граѓанска војна само затоа што режимот не сакаше да си замине од власта која ја злоупотребуваше цели 11 години.
Ништо не е сменето во ДПМНЕ. Тоа е истата партија која сака одново да гази врз слободата, врз демократијата, да се пресметува со неистомисленици, да шири омраза и поделба меѓу граѓаните.
СДСМ, заедно со граѓаните нема да дозволи да се заборави 27 април, нема да дозволи никогаш да се повтори нов црн датум во македонската историја, вели Николовски.