На предлог на вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, Владата на денешната седница ја усвои декларацијата за борба против корупцијата како стратешки приоритет на државата и државните политики.

„Со декларацијата се предлага Собранието на Република Северна Македонија да ја препознае потребата од обединување во борбата против корупцијата од страна на целото општество и сите политички чинители преку системски, сеопфатни и безкомпромисни мерки и реформи“, истакна Николовски.