АМСМ соопшти дека на граничните преминиа „Табановце” и „Пелинце” се чека околу два часа за влез и излез од државата. На „Богородица” времето на чекање за излез од земјава е околу половина час, додека на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања.

Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, а интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.