Вкупно 410 возачи се санкционирани за брзо возење во зајакната акциска контрола на територијата на целата држава што денеска ја спроведе Министерството за внатрешни работи.

Како што информира МВР, од нив 84 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 14 со дури над 70 километри повеќе од дозволената брзина

Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.