Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 699 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 55,87%, а 44,13% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 43,21%, кон Итната медицинска помош 15,34%, кон пожарникарите 4,06%, а кон АМСМ 0,53% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 615 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (37,86%) и на тие што се именувани како „неитни повици“ (44,13%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

Прво, информираме за невремето и справувањето со последиците од невремето во Тетовско и Скопско, а потоа и за пожарите на отворено што се случија во последното деноноќие.

Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека вчера во 16:35 часот попладне имаше локална појава на пороен дожд грмежи силен ветар и град. На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена информација за пријава на голем број настани во врска со последиците предизвикани од невремето. На повеќе улици на градот забележено е поплавување на голем број подрумски простории, поплавување на улици, паднати дрвја, оштетени автомобили, наноси од песок, оштетени инсталации од куќи, оштетени фасади, заглавени возила, одрони на патот и други настани поврзани со невремето. За настанатата состојба известени се сите надлежни институции и истите интервенираа, интервенираат и се уште интервенираат во отстранување на последиците од невремето етапно, согласно пријавите, а секако нивните работни процедури. Заради невремето половина од градот Тетово беше без електрична енергија.

ЕВН Македонија известуваат дека во моментот се врши проверка на мрежата и доколку е се во ред ќе се пушта електрична енергија дел по дел. Изразено во бројки, планинските села и 60 тина проценти од Тетово има електрична енергија, а останатото етапно ќе биде вклучено во наредните часови.

Од Сообраќајна Полиција известуваат дека се регулира сообраќајот во градот на места каде што има поголеми штети од невремето се со цел да се обезбеди екипите да интервенираат во санирање на штетите.

ТППЕ Тетово известува дека состојбата со невремето во тетовскиот реон е смирена но моментално се работи на отстранување на последиците настаната од невремето. На терен се 22 пожарникари со 15 пумпи и целокупна механизација. Етапно и континуирано се чистат сите поплавени подруми, гаражи, куќи, објекти и други поплавени површини. Се интервенираше до доцна во ноќта и секако и денеска интервенциите продолжуваат се додека не се среди целокупната состојба од поплавите. Сите патни правци се проодни. На одредени места на коловозите има наноси од кал, песок, камења и друг материјал, што го забавуваат и отежнуваат сообраќајот. Пополека се средува и состојбата со немање електрична енергија, при што е добиена информација во ЦУК дека во најголем дел населението има електрична енергија. За настанатата состојба, а континуирано и за сите итни случаи од ЦУК и од неговиот Регионалниот ЦУК Тетово се известува Кризниот штаб на Тетово.

Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека во невремето што го зафати територијата на Град Скопје со обилни врнежи од дожд на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 пристигнаа голем број на пријави за паднати дрва, поплавени улици во повеќе скопски населби, поплавени куќи и гаражи. Конкретно, до утрово, има 42 пријави беа за паднати дрва на повеќе локации во градот што беа веднаш известувани континуирано дежурните во ЈП Паркови и Зеленило на Град Скопје. Случаите за поплавените улици беа испратени до дежурната служба на ЈП Водовод и Канализација. 4 случаи за проблеми со напојување со електрична енергија, од кој еден за трансформатор што опасно искрел во Зелениково и за паднати бандери беа препратени до ЕВН Дистрибуција. Настаните за оштетени возила и поплавени куќи, станува збор за приватен имот и доколку од страна на општините во наредните денови се прифатат настанатите штети истите ќе бидат дополнително пријавени.

Наспроти итните случаи предизвикани од пороен дожд со град, проследен со ветер, во дел државата имаше пожари вкупно 15 на отворен простор, од коишто два се уште се водат како активни. Конкретно, се активните пожари се во Општина Ново Село, на месноста „Хаџиица“ на високо на Беласица, близу државната граница, каде гори букова шума..
Изгаснатите 13 пожари биле во општините: Илинден: с.Мралино (каде што горела ниска вегетација); Сарај с.Грушино (ниска вегетација); Прилеп Нови Гробишта (ниска вегетација);

Валандово с.Собри (ниска вегетација); Кичево с.Цер (ниска вегетација и нискостеблеста шума); Кочани с.Градовци (ниска вегетација и багрем); Куманово с.Грушино (жито); Велес: кај населбата „Превалец“ (ниска вегетација); во Општина Градско: 2 пожара, кај с.Виничани (ниска вегетација и ниска шума) и кај с.Уланци (ниска вегетација и жито), а во Општина Свети Николе имало 3 пожари, кај с.Горобинци (ниска вегетација), с.Ерџелија (нискостеблеста шума) и кај местото „Стара градинка“ (каде што горела ниска вегетација).

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

„Вчерашниот ден е континуиран пример за големата позитивна улога на медиумите кога има посилни непогоди, при што правовремено ги пренесуваа информациите не само од ЦУК за итните случаи и настани во јавноста, туку и директно од терен од дописниците од подрачјата што беа зафатени од локално невреме. Со тоа нивните информации, прво превентивно дејствуваа граѓаните да бидат известени за невремето што се очекува, според најавите на УХМР, со што ја најверојатно беше намалена опасноста од поголеми штети, а веќе кога се случи најавеното локално невреме во Тетовско и Скопско, медиумите информираа за критичните места што не беа безбедни за движење за граѓаните“, велат од ЦУК.