Лекар на Клиниката за токсикологија попладнево бил нападнат додека бил на работа. Тој се здобил со неколку хематоми и расекотини, но е во добра состојба. Откако му била укажана помош во Ургентниот центар бил пуштен дома, пренесе „360 степени“.

Инцидентот, како што рекол директорот на Клиниката за токсикологија Нагип Зумбери за „360 степени“, се случил кога родител го однел неколкугодишното дете на преглед, а лекарот му кажал дека тие не работат со деца помали од 14 години и треба да се обратат на Педијатрија.

Сепак, според информациите кои ги има директорот, родителот не сакал да ја напушти Токсикологија бидејќи најверојатно мислел оти лекарот не сака намерно да го прими пациентот, по што дошло до нападот.

Случајот е регистриран и во МВР од каде велат дека полицијата веднаш излегла на местото на настанот. Биле преземени перки и родителот е пронајден и идентификуван, а против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.