Во нов случај на семејно насилство во Скопје, сопруг завчера ја нападнал сопствената сопруга, а ѝ го оштетил и автомобилот, соопшти полицијата.
„Синоќа во 22.00 часот во СВР Скопје, 42-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 17.30 часот во дворот од семејната куќа на подрачјето на Драчево била физички нападната од нејзиниот сопруг М.Т.(43) од Скопје, кој потоа го оштетил нејзиното возило“, велат од полицијата.