Парите од Мој ДДВ на сметките на граѓаните кои скенираат фискални се очекува да пристигнат на крај на јануари или на почеток на месец февруари. Станува збор за исплата на повраток од данок преку проектот Мој ДДВ за октомври, ноември и декември минатата година.

Според Законот УЈП средствата треба да ги исплати во рок од 60 дена од завршувањето на тромесечието.

Проектот „Мој ДДВ“ како еден од најуспешните, го оправда своето постоење. За нешто повеќе четири години од спроведувањето на оваа мерка, преку „МојДДВ“ на сметките на граѓаните легнале безмалку 120 милиони евра.