Стопирањето на тендерот за БРТ гледам како на личен анимозитет на новата градоначалничка кон она што е сработена од претходанта градска администрација. Практично не постои ни една добра причина зошто да се откаже овој проект, но нема ни ниту една добра причина зошто Скопје треба да продолжи да се развива онака како што тргнало – со јавен превоз кој што е составен од нефункционални линии на градски автобуси и уште понефункционални линии на приватни превозници. Најлошо од се е што Арсовска нема план ниту пак идеја како како ќе одговори на идејата за БРТ, изјави за Утрински брифинг Никола Наумоски, поранешен шеф на кабинетот на екс градоначалникот Шилегов.

-Обвинувањата на Арсовска се премногу сериозни само за да поминат со една реченица во еден весник каде што ќе ги информирате телефонски. Од една страна имате цела елаборација, проектна документација, полна соба папки со документација во Град Скопје со кој што се образложува потребата и решенијата на БРТ и добивате градоначалничка која што со една реченица го отфрла проектот, додава Наумовски.

-Арсовска откажува 70 милиони евра дил со Европска банка, 70 милиони евра кои што патем кажано нема да ги плаќаат само скопјани туку сите плаќачи на данок во Македонија. Арсовска сето тоа го фрла во вода со една реченица. Во проектот се гледа дека во поголемиот дел ќе има зеленило, тоа 82‚ од трасата, 15 проценти ќе бидат одвоени од останиот сообраќај со столпчиња, а 3% ќе биде пешачка зона, вели Наумовски.