На 22.12.2021 во 21.00 часот во СВР Скопје, М.С.(53) од Скопје пријавил дека околу 14.30 часот, додека бил на работното место во сопствената ветеринарна болница, бил физички нападнат од В.П., кој претходно земал храна за миленици без да ја плати.

Според пријавеното, напаѓачот со тврд предмет оштетил и патничко возило „тојота”, со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Д..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.