„Откако ВМРО-ДПМНЕ го презема власта во Скопје, Градот буквално се распаѓа. Поради пропаднатите бизнис зделки на Арсовска и Мицкоски нема сегмент во кој не назадува живеењето во главниот град. Небезбедни автобуси, ЈСП е во колапс, скопјани се гушат од запалени депониии кои ВМРО-ДПМНЕ ветуваше дека ќе ги исчисти, јавните претпријатија не функционираат“, велат од СДСМ.

„Сето ова потврдува во каква ужасна состојба е градот Скопје, во каква лоша состојба е ЈСП но и останатите јавни претпријатија. Само ВМРО-ДПМНЕ тоа не го засега, ниту малку.

Нивната екс миленичка Данела Арсовска ги обивнува дека самите советници на ВМРО-ДПМНЕ ја блокираат работата на јавните претпријатија исто како и набавката на нови автобуси за градот.

Нема поголем доказ дека користољубието и партискиот интерес на ДПМНЕ се пред се и над се и дека воопшто не им се важни граѓаните.

Воопшто не има важно дали небезбедни автобуси ќе се возат и дали некој ќе настрада, воопшто не им е важно што скопјани се гушат од чад, важно е само дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат контрола и интерес“, соопшти СДСМ.