Уставниот суд на седница одлучи неделата да остане неработен ден.

– За Уставниот суд неосновани се наводите на Стопанската комора која бараше да се запре спроведувањето на законот. Оваа одлука е конечна и секој мора да ја почитува, рекоа ид Уставниот суд.

Иницијативата беше поднесена од Стопанската комора на Македонија, а Уставниот суд одлучил за неа да не се поведе постапка.

Покрај дел од компаниите на ваквата владина мерка негодуваше и опозицијата, но на крајот победија работниците.