Данела Арсовска на штета на скопјани и ја стопираше изградбата на мостот „Генерал Михајло Апостолски“ кој ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба.Ваквата одлука на Арсовска е на штета на граѓаните на Аеродром, спротивна на заложбите за намалување на сообраќајниот метеж, вели на прес-конференција Љупчо Недески, претседател на СДММ Аеродром и советник во Советот на општина Аеродром.

Дали градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски ја поддржува одлуката на Арсовска за стопирање на изградбата на мостот „Генерал Михајло Апостолски“?

Дали Муцунски ќе преземе нешто за да се реализира овој проект?

Овој мост, овој капитален проект е многу важен за граѓаните на Аеродром и директно влијае за намалување на сообраќајниот метеж во населбата а со тоа и намалување на загадувањето.

Во интерес на јавноста, на граѓаните на општина Аеродром Муцунски треба да одговори на овие прашања, порача тој.