Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, во изјава за емисијата „Утрински брифинг“ откри дека опозициската партија е најзадолжената политичка партија во земјата. Според неговата изјава, партијата должи осум милиони евра, сума со која тешко кој може да излезе од долгови.
„Покрај тоа што партијата има замрзнат имот со кој што не може да располага, во моментов ВМРО-ДПМНЕ е најзадолжена политичка партија во Македонија. Долгот надминува една сума од скоро 8 милиони евра“, истакна Николовски.
Тој посочи дека најголемиот долг е направен пред ова раководство да го преземе раководењето со партијата, односно додека некогаш најбогата партија во Европа ја водеше сега бегалецот од правдата, Никола Груевски. Останува отворено прашањето дали опозициската партија оди ќе во стечај со оглед на сумата која ја должи, што би можело да се случи доколку оние на кои им должи го побараат тоа.
Извор: Локално.мк