Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, во разговор за ТВ21 одговори на обвинувањата на опозицијата, од каде пред 20 дена истакнаа дека РЕК Битола имало јаглен за само два дена. Ковачевски ги демантираше тие шпекулации, и праша како тогаш работи РЕК Битола? На воздух, на вода?

„Она што треба да го знаеме како јавност, дека во државата располагаме со 1450 мегавати инсталирана моќ на сите државни капацитети. Во моментов располагаме некаде со 1200 мегавати, вкупни капацитети. Во изминатите 10-12 години изграден и пуштен само ветерниот парк во Богданци со 36 мегавати. Владата тогаш и тогашните раководства на ЕЛЕМ, сега ЕСМ вложиле во енергетиката само 36 мегавати.

Кога го превземавме ЕЛЕМ, сега ЕСМ немаше развојни студии да се изградат капацитети. За само две години пуштена 30 мегавати гасната електрана во Скопје, за скоро ќе се пушти 10 мегавати фотоволтаици во Осломеј, и 100 мегавати по јавно приватно приватноста. За само две години имаме 140 мегавати“, вели Ковачевски, кој на обвинувањата од опозицијата, одговори:

„Опозицијата може да обвинува колку сака. Обвинуваа пред 20 дена дека има јаглен во РЕК Битола само за два дена. Треба да ги прашате зошто шират лаги и ја заплашуваат јавноста. Како работеше во овие 20 дена РЕК Битола? На воздух, на вода?“, праша Ковачевски.