„Иронијата за мерцедесот верувам дека не е во служба на никого, јас немам комплеккс со што доаѓам, дали со мерцедес или приватно ќе си одам дома, рече претседателот на преодната влада Талат Џафери. Џафери со песна беше дочекан во Форино, истиот ден кога ја презеде функцијата технички премиер. Беше пречекан пред капијата на неговиот дом во вечерните часови, а тој пристигна во придружба на полиција во „мерцедес“.

Без оглед колку ќе трае оваа влада, Џафери уверува и дека во ниту еден миг нема да отсуствува редовното функционирање и инклузивна соработка во работата на Владата обезбедувајки секој сегмент во министерството да бидат транспарентен, ефикасен, отчетен и во служба на граѓаните.

„Ние сме сите таму благодарение на вас, штитење на вашите интереси и создавање услови за вашата благосостојба, напредокот и чување на достоинството на Северна Македонија“, додаде Џафери

Џафери посочи и дека Владата има компетенции и одговорности со устав и со закон.

„Нашиот ангажман како Влада и мојот личен е да се реализираат сите уставни процедури за сите индивидуи“, истакна Џафери.