Кутија од Сваровски со приврзок Јустиција осамна пред палатата на правдата денеска во Скопје. На истото место беше споменик на озлогласениот Ќосето, кој своевремено го постави режимот на Груевски.
Оваа најнова герила акција се состои од кутија на Сваровски со приврзок од Јустиција, божицата на правдата и симбол кој стои на влезот од судовите. Непознатите „герилци“, со оваа акција ја потсетуваат јавноста на Сваровски судството, воспоставено од режимот на Груевски.