Уште неколку дена им остануваат на Грците да одлучат дали ќе примат вакцина против ковид, а потоа ќе следат казни.

Невакцинираните Грци кои навршиле 60 години имаат уште неколку дена рок да ја примат првата доза за да ја избегнат казната од 100 евра месечно.

Од 16 јануари стапува во сила одлуката за задолжителна вакцинација за конкретната старосна група, јави дописничката на МИА од Атина.

Не случајно е донесена ваква мерка. Девет од десет смртни случаи од Ковид ја погодуваат оваа возрасна група, седум од десет приклучени на апарати се постари од 60 години, а осум од десет интубирани лица се невакцинирани.