Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека не се известени од премиерот Зоран Заев дека ќе има нов мандатар.

„Ние имаме договор со Заев дека одреден период, премиер ќе биде Заев. Ние тоа го знаеме. Што ќе прави Заев во партијата и кој таму ќе биде лидер, тоа не знаеме. Тој може да ги почне процесите во партија, но во Владата ние имаме заеднички договор и заеднички одговорности. Ние очекуваме и наредниот период Заев да ја води Владата. Тоа впрочем го кажа и претседателот Ахмети во ова исто студио во ТВ21. Ние имаме договор со Заев и не сме известени дека ќе има друг мандатар. Се што знаеме, сме слушнале од медиумите“, порача Османи.