Никаква лажна анкета нема да го спаси кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Рангелов од пораз на 17 Октомври, велат од СДСМ од Крива Паланка.

По примерот на кочничарот Мицкоски и останатите од Белата палата со лажна анкета од некаква си непостоечка рејтинг агенција која за нивни потреби објавува фингирани податоци, се лажат самите себе си а и сами знаат дека народот не им верува.

Кога и на наместена анкета има „мртва трка“ тогаш се е јасно. Сашко Митовски и советничката листа предводена од СДСМ е најдоброто за Крива Паланка и е убедлив победник на изборите и тоа го знаат и самите тие, се вели во соопштението на социјалдемократите од Крива Паланка.