Пратеничката на СДСМ Фаница Николоска во емисијата „Објектив“ на МТВ истакна дека опозицијата и власта треба да изнајдат начин да ги донесат законите битни за граѓаните.

Веќе 2,5 години ние сме соочени со блокади во собранието за носење на закони, кои се значајни за граѓаните, рече Николоска, и потсети на блокадите од страна на ВМРО-ДПМНЕ за носење на петтиот пакет антикризни мерки.

Таа додаде дека меѓу другите важни закони кои се блокираат е законот за наставници и стручни соработници, со кој се предвидува зголемување на платите во основното и средното образование, како и трансформација на работиот однос, за кој не може да започне ниту дебата во собраниската комисија за образование, се блокира законот за служба во армијата кој предвидува оптремнина, од 1.000 евра месечно, при напуштање на работата за вработените во армијата со навршени 45 години.

Кога се соочуваме со светска економска криза, пандемија која се уште не е завршена, сега со војната во Украина има и дополнителна и енетгетска криза, со оглед на досегашното искуство, чудно ќе биде ако сите седнеме и се договориме за стратешките прашања, но треба да се договориме овие закони треба да се донесат за граѓаните, нагласи Николоска.

Во врска со барањата на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори, пратеничката Николоска рече дека избори се одржаа пред 2 години, кога довербата ја доби коалицијата предводена од СДСМ, а владата која ја предводи има целосен легитимитет, сега зајакнат со 64 пратеници.

Владата во многу наврати докажа дека има капацитет да се справува со кризите, но не може подадена рака да се условува со предвремни избори, во оваа криза треба да знаеме колку пари се трошат за избори, на пример локалните избори чинеа 18 милиони евра, прашање е дали државата наместо кон граѓаните треба овие пари да ги потроши за избори, нагласи пратеничката на СДСМ Фаница Николоска во емисијата „Објектив“ на МТВ.