Средбата со Пол Мекарти, директорот на ИРИ, се одржа во срдечна атмосфера во седиштето на оваа фондација во Вашингтон. Николоски и Милошоски најпрвин се заблагодарија на поддршката што ВМРО-ДПМНЕ ја добива од локалната канцеларија на ИРИ во Скопје, а потоа го запознаа директорот Мекарти со подготовките на предизборната програма за претстојните избори закажани за 12-ти aприл, во чија изработка учествуваат македонски и меѓународни експерти.

Николоски и Милошоски го запознаа соговорникот и со последните обиди на бившиот премиер Заев да најде разни изговори за одложување на изборите, што би можело да создаде политичка криза, како и штетно да влијае на и онака заслабнатото стопанство во Македонија. Од страна на ИРИ беше нагласено дека фондацијата со задоволство ќе ја продолжи заедничката соработка со ВМРО-ДПМНЕ и пред изборите, како и после изборите, особено во делот на обука на идните пратеници.

Во рамките на својата посета на Вашингтон, Николоски и Милошоски остварија средба и со Обединетата Македонска Дијаспора претставувана од Мето Колоски, како и со претставници на македонската заедница и дијаспора во Вашингтон. На средбата се изрази загриженост дека во Македонија корупцијата цвета, а економијата тоне, како и тоа дека Заев ги распродава македонските национални интереси.