На граѓаните им е преку глава од ирелевантни и дневно политички говори, губење на време, исти реплики и контрареплики на било која тема за политички поени.
Тие очекуваат да видат нова политичка култура, зрелост, иницијативи, работа и решенија на проблемите.
Но вчерашното сценарио во Собранието покажа дека за мнозинството не се битни решенијата на загадувањето и човечките животи туку безпредметните демагогии за процедурите и голите политички дофрлувања.
Додека имаме алармантна загаденост во Скопје кој оваа година е меѓу европските најзагадени градови, се поголемото загадување и во другите општини во државата, поразителни факти за смртност и сериозни закани по здравјето, за граѓаните надвор од памет е било кое прашање за делевникот и процедурите да е поважно од проблемот на загадувањето додека луѓе страдаат од загадениот воздух.
Заедно со огромното зголемување на цените на храната ова се речиси најголемите приоритети за решавање.
За овие и други клучни приоритети потребна е пред се политичка култура, одговорен пристап и сериозност од сите.

ФБ став на Љупчо Николовски, пратеник и ексминистер и вицепремиер