Заврши реконструкцијата на дел од улицата „Слободан Јовановски“, која води до влезот на касарната „Јане Сандански“ во Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов на прес-конференција рече дека од денеска улицата е пуштена во употреба.
–Вкупната вредност на оваа градежна активност е нешто над 540 илјади денари. Оваа улица е значаен сообраќаен проток за нашата касарна и за НАТО баталјонот, вели Николов.
Посочи дека градежната офанзива за реконструкција и изградбa на нови улици и тротоари во Штип продолжува.Во тек е санација на неколку улици во населбите Дузлак и Баби, а во централното градско подрачје во тек е реконструкција на тротоарите на улицата „Маршал Тито“, од десната страна на река Отиња, а по нивна санација ќе се реконструира и самата улица од Здравствениот дом „Панче Караѓозов“ до хотелот „Оаза“.
Предвидено е во текот на градежната сезона да се инвестираат 21 милион денари во санација на улиците низ Штип.