Манипулациите со кои се служи власта се видоа уште кога најавија поддршка за општините од 250 милиони евра. Потоа велеа 100 милиони евра до крајот на годината, за денес да испаднат 65 милиони евра, рече пратеничката на СДСМ, Даниела Николова, на гостувањето во вестите на Алсат телевизија.

– Ќе потсетам само на искуството од минатото, дека кога владеела ДПМНЕ, најмалку од се ја интересирала објективноста, туку само како да прибира дневно политички поени и секогаш тоа биле голи манипулации со информациите кои ги пласираат во јавноста, рече Николова.

Прашана зошто општина Струмица не доби никаков буџет за реализација проекти, Николова рече не е исклучен и политички реваншизам.

– Од искуството што го имаме наназад, може да има услови и за политички реваншизам. Сè уште немам информации дали општините кои ги добија парите ги исполнуваат условите или не, но ќе посетам, ова се случува само кога се ДПМНЕ на власт, рече Николова.

Таа потенцираше дека во времето кога СДСМ беше на власт, редовно се префрлаа пари од централниот буџет за општините каде градоначалници беа од ДПМНЕ и коалицијата и немаше никаква селективност.

– Еве конкретно општина Аеродром, па таму ниту еден проект немаше да се реализира ако не се слеваа пари од централниот буџет бидејќи градоначалникот, сега актуелен министер за надворешни работи Тимчо Муцунски, буквално не реализира ниеден проект од нивната програма во Аеродром, рече Николова.

Јасно е дека ДПМНЕ, освен манипулации со јавноста немаат ниту план ниту стратегија. Тоа се покажа во многу сегменти. Од нивата предизборна реторика, „никогаш Северна, само Македонија”, денес гледаме како го прифаќаат тоа Северна, а и Преспанскиот договор. Од нивните ветувања не видовме ништо, само лаги и манипулации.

-Најсвеж пример е министерот за транспорт за врски, кој за железничката пруга со Бугарија, Коридорот 8, проект започнат во времето на СДСМ, велеше дека средстава ќе ги прнаманува затоа што проектот бил лош и завршувал во слеп тунел. Но откако доби опомена од ЕУ, сега вели дека проектот е добар и ќе се зборува за динамиката како да се гради. Ова кажува дека ДПМНЕ немаат ниту став ниту стратегија, рече пратеничката на СДСМ Даниела Николова.