-Северна Македонија покажа силна одлучност и отвореност за соработка со меѓународните партнери во сузбивањето на корупцијата и криминалот. Во тој контекст, даваме поддршка на нашиот стратешки партнер Соединетите Американски Држави за чекорите кои ги презема за борба против корупцијата и добро владеење во Западен Балкан, вели вицепремиерот за борба против корупција и криминал, заодржил развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, додавајќи дека одлучните антикорупциски чекори се охрабрување за земјите од регионот да ги продолжат реформите и бескомпромисната борба против корупцијата и криминалот.
-Ние, земјите од Западен Балкан, имаме една заедничка цел, а тоа е преку спроведување на неопходни реформи и комплетно прифаќање на демократските вредности и владеењето на правото, да бидеме дел од европското семејство, вели Николовски.