Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски истакна дека 17 мај 2015 година е денот за промена, денот кога заедно со граѓаните тргнавме да ги поразиме режимот и диктатурата.

„Денот кога со срце ‘дојдовме’ да ги вратиме слободата и демократијата.
Благодарејќи на обединетоста, одлучноста, истрајноста и храброста која што ја покажавме, денеска живееме во демократска и праведна држава, полноправна членка на НАТО, држава на сигурен пат кон ЕУ, земја пријател на светот“, посочи Николовски.