Водиме искрена грижа за сите земјоделци. Креираме повеќе нови мерки поддржувајќи го секој еден земјоделец и во оваа 2024 – рече министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на панелот „Земјоделство и рамномерен регионален развој – ЕУ можности и перспективи“ што се одржува утрово во рамки на конференцијата „Година на европски можности“.

✅Како што ветивме пред земјоделците, од оваа година поддршката до сите земјоделци за мерката зелена нафта ја зголемуваме на 100%.

✅Креирајќи повеќе нови мерки за поддршка на сточарите, со право велиме дека оваа 2024 година ќе биде година на сточарството.

✅Поддршката за женски грла говеда постари од 12 месеци ја зголемуваме од 4.000 на 12.000 денари.

✅Се зголемува и поддршката за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет од 400 на 1.000 денари.

✅Креираме нова мерка за поддршка во одржување на ливадите, во висина од 6.000 денари по хектар.

✅Го помагаме сточарството зголемувајќи ја платата за овчарите од досегашните 360.000 денари по овчар, на 620.000 денари, а дополнително се трга досегашниот критериумот над 700 метри надморска висина.

✅Токму оваа 2024 година, сточарите заедно со земјоделците ќе добијат авансна исплата на 30% од основните субвенции за 2024 година. Исплатата пак на дополнителните 70% од субенциите кај сточарството се поврзува со предавање на производството во регистрирани преработувачки капацитети, млекарница или кланица.

Креираме и многу други мерки според потребите на земјоделците, преку кои ќе постигнеме одржливост и развој во земјоделството. Мерки, како и секогаш, креирани во соработка и дијалог со земјоделците и подсекторските групи во министерството, рече Николовски.