ljupcho nikolovski
ljupcho nikolovski

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, со честитка по повод 9 Мај, денот на Европа.

“Денеска е важен датум за нашето минато и важен датум за нашата иднина.

Денеска, оддаваме признание на херојството и победата врз фашизмот и го славиме и празнуваме Денот на Европа.

9ти мај, е денот што ја симболизира победата и борбата за слобода и еднаквост, но 9ти мај е и ден симбол на европската солидарност и меѓусебната соработка.

Генерациите пред нас се бореа за слобода, правда и еднаквост и успеаја. Нашата генерација работи на развој, интеграција и напредок и ќе успее.

Продолжуваме да ја градиме и унапредуваме Република Северна Македонија како модерна, слободна демократска држава, рамноправна членка на ЕУ.

Нека е честит 9ти мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа”, се вели во честитката на Николовски.