Викендов заедно со нашите партнери #USAID и Проектот за граѓански активности во Северна Македонија #CEP од кои добиваме силна поддршка и експертска помош во реализација на Планот за борба против корупција, направивме пресек на досегашните имплементирани мерки, ги поставивме контурите за новите мерки за борба против корупцијата и криминалот, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

„Благодарност до USAID и до CEP за досегашната помош и поддршка во секоја активност што ја преземаме за превенција и сузбивање на корупцијата. Успехот е секогаш поголем кога тимски и заеднички работиме на исполнување на иста цел – општество на ред, правда и дисциплина“, посочи Николовски.