Невладините организации кои работат на полето на борба против корупција и владеење на правото изразија задоволство од досегашната реализација на мерките од Планот за борба против корупција, нашата соработка и имплементацијата на нивните предлози во Планот, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

„Ја продолжуваме праксата на консултации со невладиниот сектор со цел да креираме ефикасни системски мерки и во новиот План за борба против корупција.
Борбата против корупцијата е целта околу која треба сите да се обединиме и таа е успешна само ако е заедничка“, посочи Николовски.