Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска го доби мандатот за составување нова Влада, од претседателот на државата Стево Пендаровски.

Ред, работа, дисциплина и отчетност ќе се одлика на новите кадри кои треба да донесат уште посилни чекори напред во европската иднина на државата, како и одлучни реформи во борбата со корупцијата и прочистувањето на правосудството.

Време за славење нема.

Целите на новата Влада се јасни, но со себе носат и големи предизвици. За нивно остварување ќе треба внимателно да се одберат луѓето кои ќе го дадат својот придонес во квалитетно реализирање на плановите без никаков застој.

Одлуките нема да се донесат избрзано. Граѓаните очекуваат резултати, граѓаните очекуваат работа.

Тоа мора да го испорачаме и затоа мора да се одберат опциите кои ќе гарантираат професионалност, стабилност и вистинско партнерство во совладување на високите цели кои пред себе сме ги поставиле. Токму тоа и ќе го направиме.

ФБ статус на Љупчо Николовски