Македонскиот јазик е нашиот дом, наша татковина. Заштитник на нашиот идентитет и влог во иднината, корен на нашето постоење.
Пред две години, Владата на Република Северна Македонија одлучи 5 мај да го востанови за Ден на македонскиот јазик, ден на неговата раскош и убавина.
Наша одговорност е да го чуваме, да го негуваме и унапредуваме за достојно да го предадеме на генерациите по нас.
Да го славиме нашиот јазик денес и години в иднина.
Честит Ден на македонскиот јазик!
ФБ честика на вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски