Две и пол години драги луѓе. За само две и пол години покажавме дека со домаќинско работење има пари и може да расте стандардот, порача генералнитт секретар на СДСМ и носител во Изборната единица 3 Љупчо Николовски.

-Минималната плата порасна од мизерни 9.000 на 14.500 денари. Во следниот мандат ќе продолжи да расте до 20 илјади денари. За само една година граѓаните добија над 10 милиони евра преку проектот „Мој ДДВ“! Го зголемуваме повратот на ДДВ уште повеќе во следниот мандат, од 600 на 800 денари. Зголемени плати во сите ресори, укината радиодифузна такса, зголемена социјална помош за 300%! – истакнува Николовски, кој вели дека ова не се никакви фалби, ова е реалноста за тоа што се направи за само две и пол години!

-За жал нема контра-понуда од другата страна. Таму се истите кадри од времето на Груевски, кои 11 години ја држеа замрзната минималната плата на 9.000 денари додека му ги полнеа џебовите на бегалецот од Будимпешта. Рекоа невозможно е да се зголеми минималната плата. Се виде дека е возможно, затоа што се работи домаќински и затоа што парите се враќаат кај граѓаните, а не се носат на Белизе! – дециден е генералнито секретар на СДСМ.

Затоа изборот на 15 јули за граѓаните е лесен. Затоа имаме поддршка како никогаш, вели Николовски кој се заблагодари за довербата која, како што рече, граѓаните ќе ја дадат за чист мандат и решавање на крупните работи во правосудството и домашната економија.