Не постои една причина за изборниот резултат, во многу општини имавме независни кандидати кои што беа наши актуелни градоначалници.Слободата која што ја имаме внатре на партијата и дискусијата и дебатата треба да бидат силни вредности кои што посакувам да ги има во секоја политичка партија, рече генералниот секретар на СДСМ и вицепремиер за борба против корупција, Љупчо Николовски во “21 анализа” на тв 21.

– Централниот штаб не носи политички одлуки, тоа ги носат органите и сите што сме во рамките на органите кои што носеле одлуките носиме одговорност за она што е изборен резултат и за причините кои довеле до тој изборен резултат, и затоа кажав ги дискутираме кога ќе ја заокружиме оваа цел кога ќе оствариме целта на стабилна демократско европско парламентарно мнозинство, додаде тој.

Според него СДСМ и сите прогресивни сили се фокусирани на примарната цел демократски во моментов да се обедени и окрупни мнозинството во македонското Собрание, кои што треба да гарантираат евроатланскиот пат, сигурноста, безбедноста, стабилноста на земјата и напредокот на земјата.

Не е важна ниту функцијата ниту кариерата, нормално ако претседателот Зоран Заев ако поднесува оставка, целото раководство е во оставка, и тоа е најмалиот проблем.Ниту една позиција не е важна, најбитно во моментот е демократското мнозинство во Парламентот која што не треба да ни ги врати назад во времето на страв, на изолации, на поделби, на конфликти, на реваншизам и се тоа на против тоа што сме се бореле, додаде тој.