На денешен ден, на 5 октомври 1995 година, Собранието на Република Македонија го донесе Законот за знамето со кој беше усвоено актуелното државно знаме на нашата држава.
Знамето на Република Северна Македонија, со осумкракото златно сонце на црвена позадина, е заедничко државно обележје на сите што живеат во земјата, без разлика на нивната етничка припадност, и е моќен симбол на космополитските, слободољубиви, прогресивни, демократски и општочовечки вредности кои произлегуваат од традициите на Македонците, Албанците, Турците, Власите, Србите, Ромите, Бошњаците и сите други кои отсекогаш живееле под едно исто сонце.
Денес државното знаме на Република Северна Македонија гордо се вее на јарболите пред Обединетите нации во Њујорк и со знамињата на останатите 29 наши сојузници во НАТО, во друштвото на земјите членки на најмоќниот воено-безбедносен сојуз изграден врз највисоките демократски вредности.
ФБ статус на вицепремиерот Љупчо Николовски