ljupcho nikolovski
ljupcho nikolovski

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на Фејсбук го честиташе 12 мај – Меѓународниот ден на медицинските сестри, изразувајќи благодарност до сите медицинските сестри во нашата земја и низ целиот свет за нивната храброст и посветеност, во битката со КОВИД-19.

„Денеска им оддаваме почит на медицинските сестри! Ви благодариме што спасувате животи. Ви благодариме за вашиот значаен придонес во справување со кризата КОВИД-19.“ – напиша Николовски.